28 Април, 2024
0.0274

ВМРО ДПМНЕ: Му даваме рака за спас на СДСМ од уцените

Објавено во: Македонија 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Партијата на екс премиерот со уште една понуда до опозицијата.

ВМРО ДПМНЕ му нуди спас на Заев од уцените, и како што велат  спас на Македонија од разнебитување.

Во соопштението на партијата на Никола Груевски потеницраат дека „СДСМ е уценета партија  а нејзиното раководство е до гуша заглавено во скандали и криминали и затоа е подготвено да ја прифати Тиранската Платформа која директно задира во националните и државните интереси“.

„Прифаќањето на промената на парите, прифаќањето на промената на химната, на грбот и на знамето е надвор од секоја здраворазумска логика. Таквиот чин е во директна спротивност со државните и национални интереси! Никој не му дал право на Зоран Заев да отпочне разговори и дебати за промена на националните обележја. 

Аболицираниот криминалец Зоран Заев исплашен за истрагите за криминал кои се водат против него е подготвен да преговара и договара нови национални симболи, знаме, грб и химна, по насоките содржани во Тиранската платформа, обмислена од странски Премиер, потпишана во странска држава.

Ова веќе нема никаква врска со лагите кои ги кажуваше во изборите „За Живот во Македонија“, за повисок стандард, за еднаква Македонија за сите. Ова веќе е претворање на Македонија од едно мултиетничко општество во бинационална држава.

Прифаќањето на Тиранската Платформа од страна на СДСМ ќе значи редефинирање на Македонија од која нема назад“, посочија од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „ВМРО-ДПМНЕ му нуди рака на СДСМ за спас од уцените и за спас на Македонија од разнебитување“. 

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир