17 Мај, 2024
0.0387

Груевски: нема веќе дупки и тумби по патот Струмица Радовиш!

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Пуштен е во употреба патот Сурдулци - Радичево на магистралниот пат Штип - Струмица. Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска свечено ја пуштија во употреба делницата во должина од околу 10 километри и ширина од 7,7 метри. Направени се нови банкини, нова сигнализација и е со проектирана брзина од 100 километри на час. Изградени се две клучки кај Калуѓерица и Радичево, еден потпатник, еден натпатник и пет мостови и 13 премини. Вредноста на проектот е околу 7,3 милиони евра.

Регионалниот пат Радовиш - Струмица, според премиерот Груевски, денес претставува една од најубавите делници во овој регион на државата

- Стариот пат со коцки останува да потсетува на едно минато време. Пред нас е новиот пат преку кој граѓаните ќе се движат многу побрзо и побезбедно. По стариот пат се водеше по 30 или 40 километри на час, имаше многу сообраќајки и возачите мака мачат да ги избегнат дупките и тумбите за да не ги оштетат своите возила, подвлече Груевски.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со изградба и асфалтирање на патиштата со цел населените места да бидат што подобро поврзани и развиени, земјоделците и трговците да можат полесно и побрзо да ги транспортираат своите производи во земјата и странство и граѓаните да можат што побрзо и побезбедно да комуницираат меѓу себе.

Министерот за финансии Зоран Ставрески посочи дека ветувањето е исполнето и покрај доцнењата

- Доцнењето во изградбата беше заради проблемите со претходниот изведувач и европската економска криза, но ветувањето кон граѓаните и одговорноста што кон ја чувствуваме беа посилни од се, беа нашата водилка да ги надминеме и ги надминавме сите потешкотии и проблеми, рече Ставрески.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски најави дека наскоро ќе започне асфалтирање на постојната калдрма на стариот пат што понатаму ќе се користи за локална употреба меѓу населените места.

- Годинава ќе завршат со градба веќе започнатите регионални патишта Радовиш - Конче - Лубница, потоа Анѓелци - Вељуса - Водоча - Баница, Струга - Дебар и Кавадарци Љушев Гроб со вкупна должина од 73,4 километри, инвестиција вредна околу 10,2 милиони евра, рече Георгиевски.

Во тек е, нагласи, и проектирање на делницата Велес - Кадрифаково во должина од 23 километри.

- До средината на годинава треба да заврши проектирањето, а потоа да се објави тендер за изведувач и во втората половина од годинава да започне изградбата на патниот правец кој ќе има четири ленти со вкупна широчина од 11,2 метра, скоро двојно повеќе од сегашната делница на која има 11 црни точки, посочи Георгиевски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање