19 Мај, 2024
0.0289

ГРУЕВСКИ ПУШТИ АБЕР ОД УНГАРИЈА - не лажете дека сум се сретнал со пратеник од ДУИ, СДСМ да не очекува од мене да се пазарам за уставните измени

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Еден медиум објавил дека од високо позициониран и неименуван извор од партијата ДУИ дознал дека неодамна пратеник на ДУИ се сретнал со мене во Будимпешта и разговарал за моја поддршка за промена на Уставот, а за возврат ќе ми бил обезбеден прекин на политичкиот прогон. Со оваа објава го дементирам ова бидејќи не се случило, напиша поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук.

„Пред да го извршам демантирањето извршив консултација со тројца мои пријатели околу тоа што тие мислат дека е можната заднина на оваа најнова шпекулација. Првиот ми рече дека тој смета дека со ова СДСМ сака да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ во правец дека ако не ги остварат целите во договор со нив, имаат некаква резервна опција со мене за ова прашање. Веднаш да кажам дека немаат. Вториот ми рече дека тој смета дека некој во ВМРО-ДПМНЕ можеби има ветено поддршка за смена на Уставот и сега бара кому да ја префрли вината, па се сетиле на мене. Но, на истото првиот ми искоментира дека не е можно тоа, бидејќи така ќе излезе дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема контрола на пратениците кои самиот ги избрал и дека јас од 800 километри далечина имам поголемо влијание врз нив, што за него би било погубно и во таков случај неговото место не би било таму каде е, така што таа теза не би можело да е од него бидејќи е контрапродуктивна за него. Третиот ми рече дека тој смета дека некои медиуми имаат проблем со читаноста и имаат потреба да измислат атрактивни теми за читателите заради поголема читаност, а со тоа и поголема заработка. Затоа решив понатаму да не се занимавам со анализа на заднината, туку едноставно да посочам дека оваа информација е лага“, напиша Груевски.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела