26 Април, 2024
0.0293

Груевски: Сто и десет милиони евра се значајна поддршка за компаниите

Објавено во: Економија 12 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Сто и десетте нови милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот се значајна поддршка за стопанството и е една од позначајните мерки што Владата ги презема во изминатиот период за надминување на последиците од европската должничка криза во земјата, изјави премиерот Никола Груевски. 

Тој одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на четири високо софистицирани лаборатории на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство во Скопје, појасни оти станува збор за 100 милиони евра нови кредити, кои заедно со претходните 150 милиони евра чинат 250 милиони и уште околу 10-11 милиони евра што одат преку Македонската банка за поддршка на развојот кои Владата ги најави во мерките од новиот бран пред околу 1,5 месец.

- Сто и десетте милиони евра за ова наше стопанство е сериозна инјекција, особено што овие средства се со ниска камата која што е субвенционирана од страна на Владата. Таа е 5,5 отсто и во моментов нема поевтин извор на финансирање од која било банка во Република Македонија. И не случајно во минатиот период сите компании во Македонија се насочија токму кон тие кредити затоа што се најповолни, најевтини и најдобри. Практично, тие се една од најсериозните мерки со кои се ублажува целата оваа ситуација, оваа криза што се случува во Европа и нејзиното влијание во Република Македонија. Ние живееме во Европа, 90 проценти од нашиот извос е насочен директно или индиректно кон ЕУ, така што не можеме целосно да се изолираме од кризата што постои таму. Се обидуваме максимално да ги ублажиме ефектите од таа криза, рече премиерот Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9