ГТЦ е во квартален плус, но добивката е речиси тројно намалена
Објавено во: Економија 05 Мај, 2017
Според најновиот неконсолидиран финансиски извештај за првиот квартал од 2017-та претпријатието за издавање на деловен простор ГТЦ е во „плус“, но добивката споредено со истиот период лани е речиси тројно намалена.
ГТЦ во првите три месеци од годинава има солидна ставка на приходи 50.449.000 денари што и не е така лошо ако се спореди со ланскиот прв квартал кога приходите биле за нијанса повисоки и изнесувале 53.093.000 денари.
Сепак, најголемо влијание врз намалената добивка има кај ставката Останати расходи од работењето. Според новиот извештај истите значително се зголемени и изнесуваат 7.072.000 денари. Тоа е значително повеќе во однос на првиот квартал од 2016-та кога овие расходи изнесувале само 339.000 денари.
Така ГТЦ го завршува ова тримесечје со добивка од само 2.069.000 денари или речиси три пати помалку во однос на истиот период во 2016-та кога за три месеци добивката изнесувала 8.795.000 денари.
Моменталните показатели на Македонска берза укажуваат дека просечната цена на акциите на ГТЦ изнесува 1.795,00 денари, со 0,64 денари нето добивка по акција.