17 Мај, 2024
0.0257

„Гугл” ќе нè предупредува за земјотреси

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата ќе ни дава информации за катастрофи преку посебна картичка.

„Гугл" ќе ни дава информации за катастрофи, соопштија од компанијата. Ќе нудат податоци за земјотреси и за слични опасности.

„Сега луѓето кои чувствуваат потреси ќе можат да прашуваат директно, од  „Гугл" и навремено ќе добиваат информации за катастрофата, која ќе им помогне да се избегне опасност"- се наведува во пораката.

Клучниот збор ќе биде „земјотрес", како и „земјотрес во близина", а податоците ќе излегуваат по приоритет. Во информацијата ќе  излегуваат податоци за епицентарот на земјотресот, неговиот интензитет, погодените области, но и ќе се обезбедат совети за безбедност.

За разлика од досега ќе биде претставена специјална картичка, а исто така ќе се даваат и информации за последователни потреси. Иако идејата е добра сепак, експертите потсетуваат дека земјотресите тешко се предвидуваат.