Добивај вести на Viber
Компанијата „Гугл“, од почетокот на оваа година, преземала 16 други компании, на што потрошила 1,31 милијарда американски долари, покажува извештајот на американските регулатори.
Најголемиот дел од овој износ е потрошен за израелскиот карографски start up Waze или дури 966 милиони. Аквизицијата е објавена пред шест недели, по шпекулациите дека за Waze се заинтересирани и Епл и Фејсбук.
Освен Waze, од почетокот на 2013 година „Гугл“ ги преземал и Makani Power, летачките змаеви кои генерираат струја, Behavio – анализата на локациските податоци за корисниците на мобилни телефони и Wavii за персонализирање на вести.