05 Мај, 2024
0.0247

Гугл воведува откажување на испратените пораки

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Функцијата на „Google“ за поништување на испратените е-маилови станува достапна за сите корисници. Можноста за отповикување, која би можела да спречи компромитирачки ситуации и долги разговори со одделот „Човекови ресурси“, се претвора во стандарден дел од електронската пошта на најголемиот пребарувач.

Тоа може да го активирате од менито со поставки и овозможува избор на период за откажување од 5, 10, 20 или 30 секунди по испратениот е-маил. Функцијата беше достапна во експерименталните услуги на „Google Labs“ и неодамна беше додадена во мобилната апликација „Inbox“, што значи дека неколку корисници веќе ја користат. Кај 900 милиони активни претплатници на Google, од кои не сите се заинтересирани за испитување на верзии во „Labs“, голем дел ќе имаат за првпат шанса да имаат корист од функцијата.

Во мај извршниот директор на технолошкиот гигант Сундар Пичаи изјавил дека 75 проценти од корисниците на „Gmail“ влегуваат во системот преку мобилните уреди. Засега, ако сакате да ја користите функцијата, ќе треба да ја инсталирате апликацијата „Inbox“, а не главната апликација на „Gmail“ или мобилната веб страница.

„Google“ ги опишува тестовите во „Labs“ како „откачени експерименти ... .тестови за средина на нови функции, кои не се подготвени да бидат понудени на сите“. Меѓу оние кои се уште не ја достигнале зрелоста се икона, која ја означува автентичноста на пораките од компании како „eBay“, кои често се фалсификувани од спамувани како и функција за „палка“ на често користените одговори.