30 Април, 2024
0.0431

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Точно е дека има инфлациски притисок, вели гувернерката на Народна банка на Македонија, Анита Ангелоска-Бежоска, но тие притисоци се предизвикани од надворешни фактори.

Гувернерката ова го изјави на Самитот на Западен Балкан организиран од Економист. 

„Точно е дека има инфлаторни притисоци, но тие се на страната на понудата и се предизвикани од надворешни фактори, како што се цените на енергијата и суровините, а не се предизвикани од домашната потрошувачка, која сеуште е на нивото од пред кризата во земјава“, нагласи гувернерката.

Според неа, стапката на инфлација која што НБМ ја имаше проектирано за годинава сигурно ќе биде ревидирана нагоре, но порастот нема да биде драматичен.

„НБМ е во процес на ревидирање на тој индикатор, но сигурно нема да биде драматично зголемувањето на стапката“, рече гувернерката. Таа нагласи и дека платите растат, но тој раст на платите треба да биде проследен и со раст на продуктивноста.

Според Ангеловска-Бежоска, потрошувачката во земјава се уште е на нивото од пред кризата, што го покажуваат податоците. Ова е уште еден аргумент дека инфлацијата не е стимулирана од потрошувачката, туку од надворешни фактори. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека Финансии соработува со НБМ, и дека е клучна соработката меѓу тие институции. Тој нагласи дека сега се трошат средствата од еврообврзницата од 700 милиони евра што ги зеде земјава, а ќе се обезбедат и средства од домашнит пазар, но и на други начини, за финансирање на долгот на државата. Нагласи и дека ќе се користат и проекти од иселениците во земјава.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?