04 Мај, 2024
0.0367

Гувернерката Бежоска потврди - нема да присуствува на вечерашната дебата, досега транспарентно известувале за случајот Еуростандард

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Од Кабинетот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за Фактор потврдија дека таа вечерва нема да присуствува на телевизиското соочување, на кое ќе учествуваат сопственикот на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски, како и екс директорот и прв човек на Управниот одбор на банката, Николче Петковски.

Поточно, од НБМ велат дека на вечерашната дебата нема да присуствива претставник на Народната банка. 

Од Народната банка нагласуваат дека институцијата, во врска со случајот „Еуростандард“ постојано транспарентно ја известувале и ја известуваат јавноста, во однос на прашањата коишто се во нивна надлежност, вклучително и преку бројни соопштенија со коишто е известена јавноста во целост, а и преку Надзорната расправа. 

Ова следува откако штедачите соопштија дека гувернерката нема да присуствува на емисијата, од, како што рекоа, добро познати причини. 

Во врска, пак, со бројните прашања кои до гувернерката беа поставени за време на Надзорната расправа во Собранието, а кои не беа одговорени заради временското огранучување, како што дознаваме, одговорите ќе бидат доставени во текот на оваа недела.

Како што веќе јавија штедачите, соочувањето ќе се случи вечерва на ТВ 24 во 18.15 часот.

Инаку, Фактор веќе пишуваше дека ОЈО за организиран криминал му замрзна имот на Костовски, нему и на членови на неговото потесно семејство, додека трае постапката што се води околу овој случај. 

Претходно, пак, Судот одлучи да го продава имотот на Еуростандард банка, односно да се впаричува стечајната маса. 

Трагата на парите ја следи и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, кој исто така е најавен дека ќе учествува на соочувањето.

Како што е познато, НБМ и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август годинава, по што врз банката беше отворена стечајна постапка. 

Од стечајот сигурно нема да може да се наплатат 55 милиони евра од кредити кои биле ненаплатливи, поради што нема да има доволно пари да се подмират штедачите кои во банката чуваа над 30 илјади евра. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„МИНАТА ГОДИНА ЧЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА ЧЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти