02 Мај, 2024
0.0298

Гувeрнерот Богов ги искара банкарите?

Објавено во: Анализа 01 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Банките конзервативни, гувернерот на Нардната Банка Димитар Богов песимист дека до крајот на оваа година кредитниот раст ќе надмине стапка од 5%. Богов тврди дека монетарната власт ги создала сите предуслови за да се зголеми кредитирањето. Причината за тоа што банките не го следат овој сигнал, според Народната Банка, треба да се бара во деловните одлуки на банкарите, но и можните “наредби“ што тие ги добивале за да не кредитираат? Ниту гувернерот, ниту банкарите не се оптимисти дека оваа економска година ќе заврши со позначајна стапка на кредитен раст. Банките продолжуваат со конзервативна и претпазлива политика, министерот за финансии Зоран Ставрески тврди дека вискиот степен на ликвидност во банкарскиот сектор и показателите за економски раст треба да ги охрабрат банакрите. Кредитен раст од само 5% - банките не се откажуваат од конзервативна политика? Ниту годинава нема да се оставрат проекциите за позначајна стапка на кредитен раст, што значи дека и оваа 2013 та година, во која економијата иако прикажа раст во два последователни квартали, ќе помине во знакот на внимателна и конзервативна банкарска политика. Гувернерот на Нарoдната Банка Димитар Богов вели дека монетарната политика, со намалување на основната референтна камтна стапка и со другите презземени мерки, создала услови за позначен кредитен раст.
“И покрaј тоа што презедовме доста мерки, постојат други фактори што го ограничуваат кредитирањето. Ако некоја деловна банка има наредба да не кредитира, тука НБМ не може да направи ништо. Ние ја намаливме референтната камата на минимум, но банките имаат своја политика. Трансмисијата е доста слаба, главно поради конзервативните стратегии на домашните банки управувани од странски банки“ – изјави гувернерот Богов.
Тој не е оптимист дека до крајот на годинава ќе се промени состојбата.
“Оценуваме дека ризиците се намалени, сега веќе имаме и тренд на намалување на лошите кредити, можност за поголема кредитна активност има, но дали банките ќе го следат овој сигнал – тоа е нивна деловна одлука. Кредитен раст ќе има, но јас не сум преголем оптимист дека тој ќе биде поголем од 5% годинава“ – рече Богов.
Досегашниот кредитен раст според банкарите главно е генерирано од нови кредити за населението, особено станбените и потрошувачките. Нефункционалните кредити се на ниво од 11,8%, додека пикот беше достигнат во јуни, кога овие нефункционални пласмани изнесуваа 12,3%. Она што загрижува е растот на нефункционалните кредити кај приватниот сектор каде стапката достигна 14,9% додека кај населението стапката на нефункционални пласмани изнесува 6,9%.
“Релаксирање на монетарната политика следуваше откако Народната Банка ја намали референтната каматна стапка, потоа следуваше и намалување на каматите за кредитите. Банките имаат своја деловна политика, постојат критериуми и секако ризици, тука се и другите фактори како кредитната историја на клиентот, дали има финансиски и ликвидносни проблеми. Ако станува збор за фирма, какви прокети и бизнис планови нуди. Поради сите овие фактори, сметам дека не може да се случи радикален пораст на кредитирањето“ – изјави Ѓорѓи Јанчевски, првиот човек на Здружението на банкари.
Според податоците, кредитирањето кај населението се реализира со позабрзано темпо, додека кај фирмите тоа оди побавно. Министерот за финансии Зоран Ставрески ги повика банкарите да даваат повеќе кредити а како аргумент за охрабрување им го нуди растот на БДП.
“Ликвидноста на банките е на историски највисоко ниво. Адекватноста на капиталот е 17,1 процент, а нефункционалните кредити се 11,9 проценти и се со најниска стапка во регионот. Банките имаат простор да го зголемат кредитирањето на фирмите. Тој раст е 3,7 проценти и следната година треба да стигне 7-8 проценти за да дадат поддршка на растот на инвестициите“- изјави Ставрески.
Според последните располжливи податоци за септември, вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 3,6 милијарди евра, додека вкупната депозитна база достигна 4,1 милијарда евра, што се смета за историски највисоко ниво. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад