05 Мај, 2024
0.0248

ХАЈРЕДИНИ: НОВИТЕ ПОЗАЈАМИЦИ СЕ КОРИСТАТ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА СТАРИ КРЕДИТИ, не остануваат средства за развојни инвестиции

Објавено во: Финансии 30 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Надлежните објавија дека годинава задолжувањето на земјата ќе надмине 60 отсто, или прагот кој се смета за еден вид граница која земјите во развој не треба да ја надминуваат. Според критериумите на Свеетска банка, земјите кои имаат јавен долг до 60 проценти од БДП се умерено задолжени, а кога ќе се надмине тој праг, земајта спаѓа во категоријата висока задолженост.

Експертите предупредуваат дека опасноста со јавниот долг не е само во процентот, туку укажуваат дека се значајни целите за кои ќе се искористат средствата од задолжувањето, и каков ефект ќе има кредитот врз стопанството.

-  Гледаме дека се прават некакви проекции за движењето на јавниот долг, стратегија за јавен долг се прави неколку години наназат, но не знам дали тоа доволно кажува за задолженоста на земјата. Процентот на јавниот долг не секогаш ја одразува состојбата во земјата, дополнително што има земји чиј јавен долг надминува 65 па и 70 проценти од БДП, но сепак тоа не е сигнал за лоши состојби во некоја земја. Од друга страна има земји со висок процент на задолженост, но тие и понатаму нема да имаат проблем да добијат нови кредити, како Јапонија на пример, каде задолжувањето надминува 100 отсто. Но, бидејќи земјата има висок БДП, секогаш ќе и биде одобрен нов кредит. Има земји кои и со 50 отсто долг од БДП имаат потешкотии да ги вратат позајмените средства, но и тешко добиваат кредити – објаснува поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Поранешниот министер објаснува дека во плановите за задолжување на земјава, поточно во стратегиите за движењето на долгот недостигаат целите на задолжувањето, или проекции колку задолжувањето придонесува во развојот на земајта.

-  Никогаш не се кажува за што се зимаат новите кредити, нема појаснување на што се трошат парите, во што ќе се инвестира. Ниту пак, колку истите придонесуваат за развој на стопанството и на економијата. Ако растот на БДП на земјата е поголем од процентот на каматата на задолжувањето, тогаш на некој начин тој тип на задолжување може да помогне во развојот на земјата. Но, кај нас, не сите кредити се со ниски камати, па може да се поголем терет за враќање отколку поттик за раст на економијата. Сметам дека не ги објавуваат причините за задолжувањето, оти најголем дел од средствата одат за покривање на старите долгови, бидејќи не сме во состојба да ги вратиме претходно земените кредити, што негативно влијае врз економијата – укажува Хајредини.

Уште еден проблематичен сегмент за можностите за враќање на долговите се зачестените укажувања од коморите дека на стопанството се уште му е потребна поддршка и дека се соочуваат со потешкотии во секојденвното работење, поради што бараат стратегија за надминување на кризниот период.

Ваквите апели, според Хајредини се показател дека состојбите не се толку позитивни колку што се претставува во јавноста.

-  Ситуацијата во земјата не е „розева“ како што пробуваат да ја претстават министрите. Нема инвестиции, нема раст. Сите знаеме дека за инвеститори неопходна е политичка стабилност, почитување на законите, но кај нас потенцијалите за инвестиции се многу мали. Друг проблем на кој не се посветува доволно внимание се загубите во државните претпријатија, особено на оние во енергетскиот сектор, каде вештачки се држат ниски цените и кои веќе се во големи загуби. Никој не кажува колкави долгови имаат енергетските компании натрупано, што може да се врати како бумеранг – потенцира Хајредини.

Согласно проекциите во стратегијата за јавниот долг на земјава, оваа година Македонија ќе ја заврши со јавен долг од 65,6 отсто, додека пак следната со 64,4 проценти. Веќе во 2024 година, јавниот долг треба да падне на 62,5 отсто, а во 2025 на 60,7 проценти. За четири години јавниот долг треба да спадне под 60 отсто, или на 58,3 проценти, а во 2027 година на 56,6 отсто.

П.О. 

Фото: freepik

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот