Хакерите лансираа уште еден масовен напад, серверите на топ сајтови загрозени
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016
Попладнево беше извршен масовен DDoS хакерски напад врз провајдерот Dyn од САД каде свои сервери имаат најпознатите интернет сервиси како Twitter, Amazon, Spotify и други кои се соочија со големи проблеми во пристапот до веб сајтовите за корисниците. Сега се одвива втора рунда на DDoS напади врз Dyn кои им го отежнуваат пристапот на корисниците и ги блокираат интернет сајтовите.
DDoS напад се врши со цел вештачки да се зголеми сообраќајот на серверот за тој целосно да се блокира и потребно е негово пренасочување бидејќи хакерите се премногу брутални и сакаат да покажат голема надмоќ. Засега се уште нема информации кој стои зад овој напад и со која цел.