17 Мај, 2024
0.0265

ХалкБанк открива 40 факти за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ХалкБанк и на 40-годишниот јубилеенИнтернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  се појавува во улога на партнер со цел поддршка на филмската традиција во земјава и значајните културните вредности.

Во таа насока ХалкБанк за времетраењето на реномираниот филмски фестивал - атрактивен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет, ќе ве води низ историјатот, почетоците и најзначајните моменти преку 40 факти, кои што сте ги заборавиле или воопшто не сте ги знаеле.

  • Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, што се одржува секоја година во Битола, организиран од Друштвото на филмски работници на Република Северна Македонија - ДФРСМ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.
  • Фестивалот е основан во чест и како инспирација од богатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964).
  • На 23 април 1979 година се одржале првите Денови на филмската камера „Милтон Манаки“. Одржувањето на оваа врвна филмска манифестација во Битола, денес е бренд на градот и државата и е вистинско место за една ваква манифестација на филмската култура.
  • Јанаки Манаки купил филмска камера од Лондон, во производство на компанијата „CharlesUrbanTrading“, и тоа бил 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Кинематографијата на Балканот почнала  со тааКамера 300, и токму така се нарекува и главната награда на овој филмски фестивал.
  • Круна на фестивалската програма - „Златна камера 300“ е официјалниот натпревар на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува интернационално жири составено од пет члена.
  • Досега, лауреати во Клубот на Великаните се, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвиси.
  • Покрај официјалниот натпреварувачки дел, сегмент од Фестивалот припаѓа на Програмата на краток филм, која нема натпреварувачки карактер и прикажува селекција од најдобрите остварувања на филмската продукција од последните две години.
  • Во рамките на Фестивалот, паралелно се организираат работилници, семинари, дебатни сесии и изложби.
  • Во месец март, 2019 година, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја доби меѓународната награда на Меѓународната асоцијација на кинематографери ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност.
  • Денес, имајќи го предвид целокупното творештво, браќата Манаки и нивниот придонес кон развојот на филмската уметност се дел од европската култура, вклучително и универзалната историја на филмската уметност.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени