18 Мај, 2024
0.0600

ХалкБанка ги засади првите 152 дрвја обезбедени со користење на апликацијата HalkEco

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

ХалкБанк викендов ги засади првите 152 садници дрвја кои се обезбедени преку користење на апликацијата HalkEco. Во дворот на скопската Гимназија Зеф Љуш Марку засадени се 40 садници, а останатите 112 се засадени во школските дворови на основни училишта низ повеќе градови. Ова е прва акција на ХалкБанк за засадување дрвја, по лансирањето на апликација и е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“.


ХалкБанк ја создаде апликација HalkEco со цел да придонесе за почиста и поздрава животна околина, преку поттикнување на граѓаните на поголема физичка активност.  За секои изминати 80 километри, вкупно регистрирани во апликацијата од страна на корисниците на истата, ХалкБанк засадува по едно дрво. За достигнување до 152 садници, граѓаните биле физички активни 12 160 километри, односно пешачеле, трчале или возеле велосипед и со тоа придонеле за намалување на емисијата на јаглен диоксид за 1 574 килограми.

Со користење на апликацијата и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја. Дополнително, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, корисниците ќе добиваат уште и HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци што ќе ги доделува според вредноста на собраните HalkCoins, ќе ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.


За две недели, откако е активна мултифункционалната мобилна апликација HalkEco, истата ја имаат симнато 2 270 граѓани, вкупно изминале 27 985 километри и со своите здрави навики ја намалија емисијата на јаглен диоксид за 3 614 килограми. 

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата