26 Април, 2024
0.0319

Хан бара конструктивност од опозицијата, Заев рече дека работат на преговори со соседите

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на денешната прес- конференција по средбата со премиерот, Зоран Заев, од опозицијата побара да биде конструктивна во следниот период кој е период на последниот километар до преговори за членство во Европската Унија.

Хан вели дека Владата треба да се фокусира на реформските приоритети кои се услов за преговори со ЕУ.

„Ако се усвои законот за јазик во следните неколку недели, врз основа на препораките од Венеција комисија тоа е во ред, меѓутоа е важно Владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на законите и условите релевантни за добивање позитивна препорака. Законот за јазици не е дел од она што е договорено во овој контекст. Во Брисел се залагаме за тоа. Приоритетите треба да се дефинираат според националните интереси“ – рече Хан.

Тој ја пофали Владата дека постигнала многу изминатиов период во планот за реформи, но дека е важно да се истрча последниот километар. За реформи на разузнавачките служби, судството, администрацијата, потребни се конкретни резултати, смета Хан. 

„Има промени во земјата кон напредок, служите како пример во регионот. Се надеваме дека на почетокот од следната година ќе се овозможат услови за позитивна препорака за следниот чекор во преговорите. Сега сме повеќе сигурни од минатото дека нашите држави членки ќе дадат одобрување за ваква препорака. Работите одат во добра насока, но треба уште да се работи“ – рече Хан.

Оваа посета на Еврокомесарот Хан доаѓа во момент кога Република Македонија се наоѓа во клучна фаза од исполнување на акцискиот план 3-6-9 кој е наш патоказ и трака кон преговорите, изјави премиерот Заев по средбата со Хан.

„Нема никакво сомненија откако граѓаните го изразија своето мислење на локалните избори, новата Влада да ги одмрзне европските аспирации. Владата има цврста определба за напредување на државата и демократските процеси. Организиравме и спроведовме демократски, фер и професионални локални избори со одобрување од меѓународните набљудувачи“ - вели Заев.

Премиерот рече дека реформите предвидени со планот 3 6 9 трајно ќе го ослободат медиумскиот простор од било какви персонални и институционални влијанија и финансиска зависност. Заев најави независност и зајакнување на Јавниот радиодифузен сервис и АВМУ.

Премиерот ги спомна и промените во правосудството односно формирањето на инклузивни работни групи кои подготвија предлог за изменување и дополнување на Законот за укажувачите.

Премиерот информираше и за формирањето на работна група за УБК и надзор на примената на мерките за следење на комуникациите, како и за преземените активности за целосна деполитизација на администрацијата.

Во врска со надворешната политика на земјата, Заев изјави дека интензивно се работи на преговори со соседите, вклучувајќи ја и Грција за проблемот со името.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени