03 Мај, 2024
0.0272

ХАН ДОЈДЕ И ЗАМИНА СО ИСТА ПОРАКА: Ќе има ли разрешница на кризата или ќе тапкаме уште во место?

Објавено во: Македонија 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија треба да се издигне над политичката омраза и што поскоро да формира влада со што ќе го деблокира својот пат во членството на Европската унија, објави ЕУ по повод посетата на Скопје на комесарот за проширување Јоханес Хан.

Брзо формирање на нова влада посветена на спроведување на реформи, почитување на изборните резултати, имплементација на договорот од Пржино и воздржување од распламтување на меѓуетнички тензии се главните пораки на Хан и тројцата европарламентарци после средбата со политичките лидери во Скопје.

Во заедничкото соопштение на Хан и Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн се наведува дека сите политички лидери, вклучувајќи го и претседателот, мора да ги почитуваат резултатите од последните избори, како и дека во демократијата секој мора да го признае парламентарното мнозинство.

Разговорите се одржаа со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, движењето БЕСА на Билал Касами и Алијансата за Албанците со Зијадин Села.

„Затоа го охрабруваме претседателот да ја преиспита својата позиција. Нема време за губење. Очекуваме сите политички лидери и институции да овозможат демократскиот процес да се движи во својот тек во интерес на граѓаните“, се наведува во заедничкото соопштение.

„Посебно бараме од сите да се воздржат од делата и изјавите кои би можеле да распалат меѓуетнички тензии кои ги поткопуваат добрососедските односи. Никој не смее да биде воведен во искушение да си игра со оган. Многу сме загрижени од тензиите и говорот на омраза. Слободата на собири и слобода на изразување се темели на слободата во демократските општетства, но тие доаѓаат со одговорности.“

Лидерот на СДСМ Заев изјави дека Хан и тројцата европратеници му порачале дека мора да се забрза процесот за излез од кризата и дека секој изгубен ден е штетен за Македонија, нејзините граѓани и европска перспектива.

Заев изрази уверување дека до крајот на недела претседателот Иванов ќе ја „одигра својата церемонијална улога“ и ќе му го довери мандатот за формирање на нова влада, како и дека ќе биде свикана седница во Собрание каде ќе биде избран претседателот.

Хан вчера дојде во Скопје со порака како ЕУ и го отворила патот на Македонија после самитот овој месец, но дека часовникот отчукува и дека на Македонија и е потребно државништво.

ВМРО ДПМНЕ нуди две решенија за излез од кризата

Од владеачката гарнитура пак изјавија дека имале конструктивна средба со комесарот Хан. 

Екс премиерот верен на традицијата ги избегна новинарите, не дозволи никакво снимање ниту фотографирање, а на прес изјава го испрати Антонио Милошоски кои соопшти дека му го кажале на Хан нивниот став. 

Милошоски рече дека за ВМРО ДПМНЕ постојат две решенија за излез од кризата а тоа се прво Заев да се откаже од албанската платформа ако сака да формира влада, и второ организирање на локални и парламентарни избори заедно. 

Шефот на државата ја избегна средбата со комесарот

Претседателот Ѓорге Иванов кој намерно или случајно не се врати од Унгарија вчера, избега од средбата со европските дипломати.

Од неговиот кабинет преку соопштение го повторија неговиот став во однос на мандатот и информираа дека тој терминот за средба со Хан и го отстапува на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Хан пак на претседателот Иванов во име на Брисел и ЕУ му порача да ја преиспита својата позиција.

Паралелно додека траеја средбите на комесарот со лидерите на партиите во одржуваа и протести.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите