26 Април, 2024
0.0353

Харвард „произведува“ најмногу милијардери во светот

Објавено во: Стил 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Ако сакате вашето дете да стане милијардер, треба да направите се што е можно за да му обезбедите студирање на Универзитетот Харвард. Елитниот универзитет во Бостон  "произведе" вкупно 52 милијардери, или повеќе од кој било друг универзитет. Нивното вкупно богатство се проценува на 205 милијарди долари, покажува новото истражување на Wealth-X. Милијардерите кои што излегле од Харвард, се речиси два пати повеќе во споредба со оние завршиле на второрангираниот американски универзитет на оваа листа Универзитет на Пенсилванија. Тој може да се пофали со 28 милијардери со вкупна состојба во износ од 112 милијарди долари. Харвард, исто така, има многу повеќе поранешни ученици (2.964), чие богатство се проценува на најмалку 30 милиони долари, од кое и да било друго високо образовна институција. Универзитетот на Пенсилванија има 1.502 поранешни такви ученици, а Стенфорд – 1.174. Освен тоа, богатите поранешни студенти од Харвард не се само бугати наследници. Околу три четвртини од милијардерите кои завршиле Харвард, се стекнале со таквиот статус сами. Од 20-те универзитети, кои можат да се пофалат со најмногу поранешни ученици, чие состојба во моментов изнесува над 30 милиони долари, само три не се во САД. Тоа се Оксфордскиот универзитет,кој е рангиран на 16-то место со 401 луѓе, Универзитетот на Мумбаи, рангиран на 18-тото место со 372 луѓе, и Универзитетот Кембриџ кој е на 19-то место со 361 поранешни ученици кои имаат минимум 30 милиони долари .

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти