Хашим Тачи доби тужба за велепредавство
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2018
Косовското движење Самоопределување денес поднесе тужба против претседателот на земјата Хашим Тачи за предавство. Тужбата, според движењето, е поради тоа што Тачи во 2015 година го потпишал Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.
Дел од косовските партии тврдат дека Косово со договорот на Црна Гора и` отстапило дел од својата територија. Затоа, според нив, договорот за демаркацијата на косовско-црногорската граница е неприфатлив.
Косовскиот парламент денеска ја одложи расправата за договорот со Црна Гора.