26 Април, 2024
0.0330

Хашкиот суд бара 60 илјади евра од Ратко Младиќ!

Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Поранешниот командант на Армијата на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ на Судот за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, треба да му плати 60.000 евра на име трошоци за одбраната, пишува српскиот весник „Данас“.

Како што пишува весникот, Младиќ уште во јуни 2011 година го известил Трибуналот дека нема средства за да ги плати трошоците за одбраната, но истрагата на Судот утврдила дека тој поседува семејна куќа чија вредност ја надминува висината на средствата за неговите основни потреби и за потребите на луѓето со кои живее, а  и Младиќ и неговата сопруга Босиљка секој месец редовно примале пензии и имале заштеди во банка.

По направената проценка на вредоста на имотот и на редовните месечни примања, Трибуналот констарирал дека Младиќ можел и требало сам да ја финансира својата одбрана пред Хашкиот суд.

Трибуналот сега бара Младиќ да плати 60.000 евра за одбраната, додека останата сума од трошоците за оваа намена ќе ги покрие Судот, пишува „Данас“.

Младиќ се товари за геноцид, кршење на законите и обичаите при војување и за злосторства против човештвото, извршени за време на Војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој беше уапсен во Србија во мај 2011 година.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице