ХАВИЕР СОЛАНА ЗАРАЗЕН СО КОРОНА: Во средата е задржан во болница
Објавено во: Свет 14 Март, 2020
Екс генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана е заразен со коронавирус.
78-годишниот Солана е хоспитализиран уште во средата.
Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане на лекување в болница под лекарски надзор, објави весникот АБЦ.
Тој беше министер за надворешни работи на Шпанија во кабинетот на социјалистот Фелипе Гонзалес од 1992 до 1995 година, а од 1995 до 1999 година застанува на чело на Алијансата. Во периодот од 1999 до 2009 година Солана ја вршеше функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.