ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО СИБИР: Koлку луѓе загинаа?
Објавено во: Свет 04 Август, 2018
Во хеликоптерска несреќа во Сибир денеска загинаа 18 луѓе.
Хеликоптерот полетал од градот Игарк кај Северниот поларен круг, но се урнал два километри од местото на полетување.
Како што се наведува, меѓу патниците биле вработени во РН „Ванкор“, една од фирмите на Розњефт.
Руското Министерство за транспорт соопшти дека хеликоптерот Ми-8 со три членови на екипажот и 15 патници се урна, откако се судрил со машини што ги носел друг хеликоптер набргу по полетувањето.
Министерството додаде дека вториот хеликоптер слетал безбедно и дека несреќата се случила при „нормални“ временски услови.