02 Мај, 2024
0.0255

Herbalife се согласи да плати 200 милиони долари и ги промени своите бизнис практики

Објавено во: Стил 18 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Herbalife во петокот се согласи да плати 200 милиони долари и ги промени своите бизнис практики.

Федералната комисија за трговија имаше жестока критика за бизнис моделот на компанијата со седиште во Лос Анџелес.  Се вели дека Herbalife ги довел во заблуда луѓето да станат дистрибутери или нејзините членови со видеа и брошури на кои се покажуваат куќи, скапи автомобили и чамци и им  кажуваат да се откажат од своите работни места.

„Големо мнозинство" на дистрибутери „заработи малку или не заработи пари", соопшти Владата.

Многу луѓе изгубиле илјадници долари откако дале под закуп простор да се постават „Нутритивни клубови", каде луѓето плаќаат дневен надомест за пиење на чај и протеини.

Herbalife ќе треба да започне со работа легитимно, и ќе треба да се компензираат загубите коишто ги претрпеле потрошувачите.

Компанијата, која имаше приходи од 4.47 милијарди долари минатата година, изјави во петокот дека не се согласува со многу од наводите на ФТЦ, но решиле да избегнат финансиски трошоци и долготрајни судски постапки.

Истрагата на ФТЦ започна во март 2014 година, откако милијардерот Вилијам Акман тврдеше дека Herbalife работела по пирамидална шема.