26 Април, 2024
0.0348

Хихирику ги преживеа социјализмот и транзицијата, дали ќе го преживее и лудилото?

Објавено во: Македонија 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

„И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“, ќе каже Иван Карадак, мајсторот на сатирата, автор на емисијата Хихирику, која егзистира 40 години и на која по втор пат изминативе три години и се заканува згаснување? Причината била немање пари, од МРТВ велат „Хихирику“ не е укината чекаме нова Влада..

Почетоци

Култната радио емисија „Хихирику“ стартуваше далечната 1976 година. Зад себе имаат три значајни југословенски награди, плејада на врвни македонски актери продефилираа од Петре Прличко преку Таска Балабанова, Цветанка Трпкова, Божо Софрониевски, Владимир Ангеловски - Дади, Унџел па се до Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска  и многу други. Автор на емисијата и текстописец е Иван Карадак.. Најстарата, сатирична емисија, која се емитува секоја недела во 11 часот е своевиден бренд на Македонското радио.

Карадак: Претерано понижувачко е сето ова

Креатарот на култната емисија Иван Карадак пред неколку дена изјави дека претерано понижувачки е сето ова, што се случува.

„Во средата ја снимивме емисијата, во петокот требаше да ја монтираме, и тогаш ме викна Главниот уредник и ми рече,  ако сакате монтирајте, ама и не морате. Од Главната дирекција на Радиото не ме ни удостоија да ме поканат и да ми кажат во што е проблемот. Наводно, од Министерството за финансии нема одобрено средства за сите хонорарни соработници во МРТ“, изјави Карадак.

Карадак тврди дека со Ѓокица Лукаревски како водител, немаат земено хонорар од јули 2016 година, а оти останатите актери не се исплатени последниве три месеци. „Во оваа земја не знаеме ништо да чуваме што е вредно, нашиот код е самоуништување. Полека губиме се“, додава Карадак. Тој е во пензија 7 години и оттогаш емисијата за хумор и сатира „Хихирику“ има третман на надворешен проект. Само заради слушателите можеби би се вратил повторно во Македонското радио, но ако се смени целата раководна структура.

Чоревски и Лукаревски: Фрапантно е да се укине Хихрику

После 40 години да има некој храброст во една институција како што е МРТВ, оддеднаш да се донесе решение да не постои емисијата „Хихрику“ за мене е фрапантно, изјави Ѓокица Лукаревски водител на Хихирику..Благоја Чоревски еден од актерите дел од „Хихирику“ вели дека нема да дозволи да „умре“ оваа култна емисија. Ако треба ќе снимаме и дома, емисијата нема да се прекине, додава Чоревски.

Ниту Чоревски, ниту Лукаревски не сакаат да веруваат дека зад ова се кријат политички игри и додаваат дека без разлика што некои актери кои се во „Хихирику“ тимот се дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, велат дека секој има право на избор. Ние кога снимаме Хихирику, за политика не зборуваме, додава Чоревски.

Втор обид за згаснување на „Хихирику“ во изминативе 3 години

Ова не се први обиди за згаснување на култната радио емисија на Македонско радио „Хихирику“. Во 2014 година емисијата за момент беше укината. Инаку, и тогаш најслушаната сатирична програма на сите времиња беше забранета на перфиден начин. Нема пари за хонорари.

Тогаш новинарот Ерол Ризаов, во своја колумна обелодени дека „Единствениот вистински петел на Македонското радио, чие рано кукуригање со децении ја будеше нацијата, кој ги надживеа сите системи и кризи, го заклаа и го изедоа за појадок големите демократи, патриотските извршители и уредници кои водат грижа да не се вознемирува власта“, напиша Ризаов и додаде „кога се цензурираат хуморот и сатирата што како единствен вентил за празнење на нацијата го оставаа слободен и најголемите диктатори, тогаш е јасно на кое дереџе е дојдена Македонија..

МРТ: „Хихирику“ не е укината, чекаме формирање на влада заради авторските договори

Македонската радио телевизија соопшти дека најостро ја осудува изјавата на два члена на екипата на култната емисија на Македонското радио „Хихирику“ дека е укината од Македонската радио телевизија.

„Оваа изјава ја сметаме како големо политикантство и понатаму нема да коментираме изјави со дневно политички карактер. Бренд емисијата на Македонското радио Хихирику ниту е укината ниту ќе се укине. Напротив, ќе продолжи со својот живот и понатаму. Поради целокупната состојба во државата и важечките закони, МРТ не е во можност да потпише авторски договори со екипата на „Хихирику“ се до формирање на Влада на Република Македонија. Ова е поткрепено и со дописи од страна на Министерството за финансии. Ова е единствената вистина, се наведува во соопштението на Македонска радио телевизија.

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката