Хилари не можела да престане да плаче, криви и биле Обама и ФБИ
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016
Ед Клајн, политичкиот аналитичар, тврди дека Хилари Клинтон штом ги дознала резултатите со кои ги губи изборите од Доналд Трамп не можела да сопре да плаче.
Таа на своите најблиски луѓе им открила дека за поразот го обвинува американскиот претседател Барак Обама кој не сторил доволно за да ја поддржи. Исто така била лута на Џејмс Коми, директорот на ФБИ, кој на само една недела пред изборите најави дека ќе започне нова истрага поврзана со нејзините мејлови иако не сторила ништо лошо, за потоа истрагата да биде прекината.