03 Мај, 2024
0.0241

ХИТ НА ИНТЕРНЕТ:Хрватица продава црква на оглас

Објавено во: Стил 05 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Сопственичката појаснила дека документите се „чисти“, а црквата и куќата имаат имотен лист и градежна дозвола.

„Продавам црква и куќа со покуќнина од 1 хектар. Црквата има 50 места, 30 за седење и 20 за стоење“ - пишува во огласот.

Цената е 50.000 евра, а црквата се наоѓа во Горња Влахиничка во Хрватска. Жената открила дека црквата е сопственост на нејзините родители од 1964 година и по нивната смрт решила да ја продаде. Црквата е од 1938 година и е типична селска црква во која се ѕвони со повлекување на јаже. Се одржуваат миси, а сопственичката нагласува дека цената од 50.000 евра не е фиксна и може да се договори со купувачот.