18 Мај, 2024
0.0264

Холестерол – Како да го претвориме во наш пријател?

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Зошто е толку важно холестеролот да е во нормала и како да го одржуваме во здравствените граници?

Што претставува?

Холестеролот е витално, мастноподобна супстанца која се содржи во секоја клетка на нашиот организам, како и во нашата крв. Поголемиот дел од холестеролот го произведува црниот дроб, а останатиот го набавуваме преку храната.

Зошто ни е толку потребен?

Холестеролот има исклучително важни причини за нашето тело и функции: учествува во изградбата на мембраните на клетките и во формирањето на половите и надбубрежните хормони; без холестерол организмот не може да го синтетизира витаминот D, кој ни е неопходен за здрави коски, ниту пак да произведува жолчна киселина, без која мастите во организмот не можат да бидат обработени правилно.

Ризици, кога е зголемен?

Кога во организмот ќе ни се натрупа вишок на холестерол, тој не може да биде разграден и тоа ги крие ризици за нашето здравје. Главната опасност е од појавата на атеросклероза, која пак е причина за повеќето кардиоваскуларни болести како инфаркт на срцето на пример.

Еве што се случува при атеросклероза: на ѕидовите на артериите се акумулира непреработениот „лош“ холестерол; тоа води до стеснување на артериите, до влошување на снабдувањето со крв на срцето и дури до запирање на протокот на крв во него. А тоа може да има фатални последици.

Како да ги избегнеме проблемите?

Причините за зголеменото ниво на холестерол во крвта се различни: наследна предиспозиција, хронични заболувања на црниот дроб и тироидната жлезда, дијабетес мелитус, полот (по менопаузата кај жените холестеролот расте). Постојат работи кои сепак можеме да ги промениме во начинот на живот, и така да го намалиме на минимум ризикот за здравјето:

* Престанете да пушите. Нема корисна цигара - независно дали сами ќе ја испуштеи, или некој околу вас пуши цигара.

* Справете со вишокот килограми. Вишокот килограми го зголемуваат и нивото на холестеролот во крвта.

* Внимавајте со алкохолот. Ако премногу пиете алкохол, го нарушувате процесот на разградување на холестерол во телото. Затоа преферирајте црвено вино наместо пиво и да ограничете се до 1-2 чаши дневно.

* Движете се повеќе. Така го деградирате нивото на „лошите“ ЛНП и ги зголемувате вредностите на „добриот“ ЛВП.

* Хранете се здраво. Треба да вклучите во секојдневното мени многу овошје и зеленчук, пченкарен леб, ориз, грав, млечна храна без или со малку маснотии. Добро е месото да е без масти, а кога го подготвувате, убаво е да се готви со растителни масла.

Предностите на маслото од ленено семе

Тоа е најбогат извор на омега-3 масни киселини. Неодамнешна студија на Американската асоцијација за срцево здравје докажа дека редовниот прием може да ги намали поврзаните со холестеролот артериски заболувања со над 46%. Лененото масло е наш сигурен сојузник, за да се спречи атеросклероза, срцева аритмија, срцев удар и инфаркт. Зголемената потрошувачка на омега-3 масни киселини од растително потекло (како ленено семе) го намалува ризикот од повторна појава на проблемите со срцето.

Најпродавано ленено масло во САД е „Barlean's“.

Тоа е природен извор на омега-3-6-9 масни киселини. Тоа е ленено масло кое е 100% биопродукти од највисок квалитет - 100% чисто, ладно цедено нерафинирано и нефилтрирано.