16 Мај, 2024
0.0280

ХОМОСЕКСУАЛНА ДВОЈКА ЌЕ МОЖЕ ДА ЗГРИЖИ ДЕТЕ - судот во Загреб го кажа конечниот збор

Објавено во: Балкан 21 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Брачна двојка од ист пол, Иво Шегота и Младен Кожиќ, имаат право да бидат згрижувачко семејство, а надлежното Министерство за демографија, кое го отфрли нивното барање за згрижување, минатата година, треба да донесе нова одлука во рок од 60 дена, овој пат врз основа на домашно и меѓународно законодавство, пишува Јутарњи лист.

Тоа произлегува од одлуката на Управниот суд во Загреб, со која се поништија претходните решенија, односно одбивањата на надлежниот центар за социјална помош и ресорното Министерство.

Одлуката на судот е обврзувачка и жалбата не е дозволена, така што оваа пресуда е конечна. Писменото образложение сè уште не е пристигнато, но како што се наведува во текот на објавата, судот го прифати нашиот аргумент во тужбата, заснована врз хрватските регулативи и Европската конвенција за човекови права и им нареди на надлежните да донесат нова одлука во согласност со пресудата. Веруваме дека надлежните ќе ја почитуваат судската одлука“, посочува адвокатот Сања Безбрадица Јелавиќ, која ги претставува Иво Чегота и Младен Кожиќ.

„Презадоволни сме. Како што му рековме на судијата, ова е Божиќен подарок за кој не сме се осмелиле да се надеваме“, рекол Шегота.

Во 2015 година, тој и неговиот партнер Младен Кожиќ биле меѓу првите кои влегоа во животно партнерство, веднаш по донесувањето на Законот за животно партнерство. Желбата да го продолжат семејството и да имаат деца со нив постоеше и порано.

„Ние одамна сакавме да бидеме родители. Затоа, непосредно по свадбата, поднесовме барање до надлежниот центар за социјална помош да станеме потенцијални посвоители, но веднаш сме одбиени, па токму затоа, започнавме и тужба во Управниот суд, што се уште е во тек“, изјавил Шегота.

Тие не се обесхрабрија и почнаа да разгледуваат други опции, како што е вдомување.

„Размислувавме многу за тоа. Свесни сме дека ова е привремена, а не постојана грижа за децата и дека згрижувачките родители не се родители посвојници, но заклучивме дека оваа опција исто така би била остварување на сонот“, продолжува тој.

Во 2017 се обратиле во надлежниот огранок на Центарот за социјална заштита Загреб.

Бевме многу добро примени, особено од психолог и социјален работник, кои беа особено среќни кога најавивме дека сме заинтересирани да згрижиме две или три деца, затоа што во Загреб им недостасуваат згрижувачки семејства, особено оние со услови и желба да згрижат повеќе деца, затоа центрите се принудени да ги раздвојуваат биолошките браќа и сестри“, изјавил Шегота.

И двајцата поминале процес на психолошко оценување, за време на кој тие изведоа тестови за родители, интервјуа, разговарале за нивните мотиви за згрижување и им била дадена социјална историја за да воспостават поддршка за семејството и околината.

„Бевме комплетно задоволни, добивме позитивно мислење, сите беа среќни што се случуваше ова. Сепак, од еден момент повеќе не беа контактирани од центарот. После позитивно мислење, требаше да започнеме со задолжително образование за згрижување, проследено со добивање на лиценца за згрижување. Одеднаш, веќе не можевме да добиеме одговори, а потоа на почетокот на декември 2017 година писмено бевме известени дека нема законски предуслови за започнување на постапката за дозвола затоа што сме во животно партнерство“, раскажал Шагавиќ.

По долги процедури, тужеле во Управниот суд, кој целосно ги прифатил нивните аргументи. 

Шегота и Кожиќ сметаат дека надлежното министерство и здружението за згрижување при Центарот за социјални работи ќе постапат што е можно поскоро според одлуката на Управниот суд. Бидејќи пресудата штотуку беше објавена и се уште е во тек писмено образложение, ресорното министерство за демографија, семејство, млади и социјална политика не е запознато со тоа и не можеше да ја коментира или да објави што ќе стори за тоа.

фото Јутарњи лист

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот