ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2024
Три лица грабнале скопјанец, го избоделе со нож и го оставиле кај Транспортен центар при што му се заканиле да не оди на лекар и да не пријавува во полиција.
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25 април околу 01.30 часот, А.Н. со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во возило кое го управувал К.Н, со уште едно лице совозач.
„Како што е пријавено, во возилото А.Н. му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопштија од полицијата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.