02 Мај, 2024
0.0286

Храна има и одвишок, но не за секој!

Објавено во: Анализа 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во светот денеска има над седум милијарди жители и нивниот број секојдневно се зголемува. Еден од главните проблеми на светот денеска е како ќе успее да се прехранат неговите жители. Сепак главната тема не е како ќе се прехранат жителите, туку како храната да стане достапна. Соочени сме со тотално апсурдна ситуација, па така денеска скоро 900 милиони луѓе не можат да се нахранат со минималниот број на потребни калории за нормално фунционирање. Од друга страна фрапатни 1,7 милијарди луѓе се смеаат за значително подебели од она што е нормален стандард. Од друга страна ваква ситуација не е само на глобално ниво, туку апсурдот продолжува и во најголемата економија во светот, САД, каде 50 милиони жители или секој шести жител не е во можност да се храни доволно квалитетно за да води здрав живот. Ова не значи дека тие луѓе може да умрат од глад, како оние 900 милиони, но сепак имајќи во предвид дека се работи за најсилната држава во светот, податокот е поразителен. Кога сме кај САД, да напоменеме дека земјата има стапка на сиромаштија од 15%. Значи како и во секој систем најголем проблем е загубата. Светот се чини дека нашол начин да произведува доволно квалитетна и неквалитетна храна за секого. Постојано се наоѓаат начини да се извади максимум од засадените површини и благодарение на науката се успева во тоа. Сепак храната во голем обем завршува во еден дел на светот, кој не може да ја изеде и едноставно се фрла, додека на местата каде што е најпотребна или пропаѓа затоа што нема адекватни услови за нејзино чување и транспорт или луѓето немаат можности да си ја купат. Постојано се зборува за сиромаштијата во светот и недостигот на храна. Можеби е крајно време е да се смени дебатата и да се разбере дека храна има доволно, се работи за начинот на кој таа ќе стане достапна онаму каде што е најпотребна. Можеби ГМО храната против која се води линч на западот да биде едно од решенијата, доколку тоа се користи со цел зголемување на приносите на одредени култури, или пак да се запре со стимулирање на пр-во на храна за индутриски цели (за пр-во на биогорива) и притоа да не се нанесува удар на цените. Храна има, мора да се најдат решение како да биде достапна за сите. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад