ХРВАТИТЕ МАСОВНО БЕГААТ ВО СРБИЈА: Која е причината?
Објавено во: Балкан 29 Март, 2017
Се повеќе хрватски телевизиски продукции се селат во Србија, пишува Јутарњи лист.
Причина се парите и евтината работна сила.
Насловот во Јутарњи лист гласи „Селидба на Исток: Како евтината работна сила ги испразни ТВ студијата во Хрватска“.
РТЛ оваа година префрлила три свои шоуа во Србија.
За скапите забавни проекти има селидба преку граница каде е поевтино.
Се проценува дека барем за 20 до 30% е поевтино да се сними шоу во Белград отколку во Загреб.
Се наведува дека е потребно во Хрватска да се направат филмски студиа.