17 Мај, 2024
0.0344

Хрватска ги поевтинува автомобилите и кафето, а ги поскапува цигарите

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Хрватското министерството за финансии и Царинската управа денеска ги претставија новите предлог  измени за акцизите и останатите даноци кои треба да се усогласат со европските регулативи. Иако ниту министерот за финансии Славко Линич,  ниту пак неговите колеги  не посочија конкретни бројки,  беше соопштено дека се очекува акцизата за кафе и за безалкохолни пијалаци да биде намалена,  со што ќе падне и цената на овие производи, а треба да се приближи до земјите од регионот.Ова се прави со цел парите да се задржат во Хрватска, наместо нивните граѓани да ја минуваат границата во потрага по поевтини намирници. Што се однесува пак до цигарите и останатите производи од тутун, тие дополнително ќе поскапуваат во следните три години. Иако директивата на ЕУ бара воведување на акциза на природен гас и електрична енергија, граѓаните ќе бидат ослободени од такви даноци. Така, електричната енергија и природниот нема да добијат акцизи. Дополнителни оданочувања нема да има ниту за гориво  кое се користи од страна на домашните превозници и во поморскиот сообраќај, но затоа сите приватни излетнички бродови мора да плаќаат акциза на гориво. Истото важи и за воздушниот сообраќај - акциза на гориво ќе плаќаат само приватните авиопревозници. Интересно е и тоа што ќе биде укинат посебниот данок на луксузни стоки, како што се накит, облека и обувки, бидејќи, како што велат од Министерството за финансии, од овие даноци немало значителен приход  туку  само дополнително се намалувала конкурентноста на домашните производители. Автомобилите ќе поевтинат, посебно половните, но колку точно, сеуште не е познато бидејќи се чека на конечниот список со новите законски измени.Познато е дека  ќе се  фаворизираат помалите автомобили и оние автомобили кои испуштаат помалку СО2.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население