26 Април, 2024
0.0277

Huawei P9: Најмодерниот смартфон сега достапен и во корално сина боја

Објавено во: Економија 05 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Во историјата на производителите на смартфони, 2016 година ќе биде одбележана од непобитен факт - Huawei е првиот произведувач којшто успешно го имплементирал фотографското искуство на Leicaво мобилните уреди. Комбинирајќи хардвер и софтвер од највисоко ниво, Huawei P9 на корисниците им овозможува да ги уловат најзначајните моменти во животот со највисок квалитет, без притоа да се направи компромис во елеганцијата и компактниот стил на смартфонот. Задната камера со двојна леќа на P9 функционира синхроно, што гарантира создавање фотографии со перфектни детали, длабочина и интензитет. Сликите во боја содржат повеќе детали, додека црно-белите фотографии го задржуваат препознатливиот, уникатен, стил на Leica.

Иновациите, сепак, продолжуваат во декември, кога Huawei ќе ги обезбеди и за македонските потрошувачи. Досега, носечкиот P9 беше достапен во три бои - Prestige Gold, Titanium Grey и Mystic Silver (златна, сива and сребрена). Сега ќе може да се набави и во сина варијанта, со што моделот ќе биде поспецифичен, со пофин изглед и стил, што ќе биде посоодветно за бизнис конзументи, како и за дами посветени на својот лајфстал. Убавина, рафинираност и елеганција, ова се трите карактеристики си кои би можеле да го опишеме новиот син Huawei P9. Моделот сега содржи и нов полнач, којшто обезбедува до 30 отсто побрзо полнење на батеријата во споредба со досегашниот полнач.

Освен овие перфектни визуелни атрибути, Huawei P9 содржи и повеќе компоненти што можат да се дефинираат и како авангардни. Најпрво, тоа е најбрзиот октакор процесор Hi Silicon Kirin 955, а тука е и рам-меморијата од 3 гигабајти како и просторот од 32 гигабајти за оперативниот систем и за мултимедијалните фајлови. Ако е потребно, меморискиот капацитет може да се надгради со микро СД картички. Предната страна на P9 отскокнува со оптимална големина на екранот од 5.2 инчи којшто е заштитет од најновото стакло отпорно на оштетување - Corning Gorilla 4. Личните податоци се заштитени со најмодерниот и најбрзиот скенер за отпечатоци. Батеријата на Huawei P9’ е 3000 милиампери, што е доволно за користење меѓу еден и пол и два дена.

Покрај сето ова, Huawei P9 е придружуван од смарт часовникот Huawei Watch, како и од смарт алката Huawei A1. Сите овие елементи придонесуваат кон трансформацијата на Huawei P9 во совршениот додаток на личниот стил на корисниците.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто