26 Април, 2024
0.7196

Хуманитарен концерт за 18-годишниот Боро Стајиќ

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во среда на 3-ти април ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Бидејќи заедно можеме повеќе“ со цел да се соберат пари за лекување на 18-годишниот Боро Стајиќ. Почетокот на концертит е закажан за во 20 часот и 30 минути во Универзалната сала во Скопје. Пред неколку месеци, поради несреќна случка, Стајиќ се здоби со тешка телесна повреда на вратниот дел од 'рбетот. Како последица од повредата на пршлените тој има целосна парализа на рацете и нозете.Неговото лекување е долготрајно и скапо. „Боро моментално се наоѓа во Словенија на лекување и терапии каде засега е задоволен и сите сме среќни бидејќи напредува. Тој е многу млад и кај него има голема желба и оптимизам за се да заврши како што сакаме и се надеваме. Сакам да ги повикам сите кои се во можност да дојдат на 3-ти април во Универзалната сала да си поминат убава вечер, а парите се наменети за лекување на Боро“, најави денеска неговата сестра  Јана Стајиќ, која им се заблагодари на сите кои помагаат за лекувањето на нејзиниот брат. Со купување влезници за концертот граѓаните ќе помогнат во лекувањето на 18-годишното момче. Цената на влезниците е 300 денари, а може да се купат на продажните места на Купи карти за се, во Универзалната сала и преку интернет. Концертот ќе се одржи во организација на Црвениот Крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст на територијата на Скопје во соработка со Инфомедиа системи и Универзалната сала, а се отворени и телефонски броеви за донации.  

Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи