„И БУЈАР ВИ НАЦРТА НА ТАБЛА“: „Вие Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата“-Ванковска без пардон!
Објавено во: Македонија 11 Август, 2023
Професорката билјана Ванковска на својот фејсбук профил ја коментира политичката сцена во албанскиот блок.
„Промената на името на една улица е само симбилички чин и назнака за тоа кој каде стои на политичката сцена во албанскиот блок. Преку симболичен судир на Адем Демаќи (не со партизанската бригада туку со) Ибрахим Ругова, двете фракции на ДУИ и другите помали партии си ги утврдуваат политичките позиции и агенди. Што подлабоко, тоа подобро. Верувале или не, лидерот на УЧК е сега (симболички) на страната на Ругова, а опозиционерите сакаат да бидат УЧК наместо УЧК, т.е. поголеми радикали од Ахмети и ДУИ. Опонирајќи на корумпираните и улежени/нафатирани кадри на ДУИ, тие не нудат демократски и либерални принципи, туку нешто сосема друго. Албанските новинари и интелектуалци аплаудираат и фаќаат страни.