И денеска не ги оставајте чадорите
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде од 6 до 13, а максималната температура од 19 до 27 Целзиусови степени.
Во главниот град ќе има слично време. Во Скопје денеска температурата ќе се движи од 11 до 23 Целзиусови степени.