14 Мај, 2024
0.0247

И договорот со ВИК останува таен, има ли проблем кај потписот за државната помош?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата и додели на компанијата ВИК (WIK) Македонија државна помош од 2,5 милиони евра за да го поддржи на таков начин вториот инвестициски циклус на компанијата во технолошко-индустрискаста развојна зона во Прилеп. Јавноста сепак нема да успее да го види во целост и овој договор и сите одредби од него, затоа што Владата и во претходниот мандат, па и сега и покрај тоа што се залагаше за транспарентност, не ги дава на увид договорите за помош. Тоа беше јасна определба за која имаше доста ветувања, а по промената на власта во 2017 година, дури беа објавени дел од договорите на поранешната владеачка структура. Договорот со ВИК го потпиша завчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи иако законски тој нема таква можност.

Според законот за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата, како давател на државна помош договорите со странските инвеститори може да ги потпишува Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони или некој од министрите без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции во зависност од тоа кој го склучил иницијалниот контакт со инвеститорот. Во новата Влада нема министри без ресор, но досега не се донесени измени на законот. Вицепремиерот Битиќи на настанот рече дека имало одлука на влада со таква содржина, ама не спомена измена на законот. Правно владина одлука не може да биде со поголема правна сила од законот. 

„Со одлука на седница на Влада, целото портфолио на министрите без ресор за странски инвестиции го превзема кабинетот на заменикот на претседателот на Влада задолжен за економски прашања и инвестиции, а тоа сум јас и затоа денеска го потпишувам овој договор и мислам дека така ќе биде во понатамошната пракса, рече Битиќи.

Не спомена за објавување на содржината на договорот, но Битиќи рече дека оваа активност на ВИК е препознавање на позитивната и стабилна клима за инвестирање во нашата земја, членството во НАТО, патот кон отворање на преговори за членство во ЕУ.

Додаде и дека тоа што сега се случува со странските инвестиции е само продлжување на она што го правеле во претходните три години. Сепак одлуката за инвестиција во Македонија, германската компанија ВИК ја донесе во 2016 година и овој податок стои на интернет страницата на Дирекцијата за технолошки ииндустриски зони. Во јули, 2017 година „ВИК“  започна со изградба на производствен капацитет во ТИРЗ Прилеп со цел производство на електрични апарати. Целото производство е наменето за извоз во Европа.

Капацитетот е на површина од 10.000 квадратни метри. Инвестицијата во првата фаза беше планирана за 12 милиони долари во изградба на објектот, за опремата и машините со предвидени 1.200 вработувања. Во план беа и втора и трета фаза.

Првиот договор за државна помош беше потпишан во 2018 година. Во ТИРЗ Прилеп веќе имаат реализирано инвестиција до 10,5 милиони евра во која во моментов работат 250 лица.

Инаку Комисијата за заштита на конкуренцијата има мислење дека во еден дел договорот за поддршка е по шема, но има парична помош и како индивидуална поддршка што не требаше да биде практика.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра