04 Мај, 2024
0.0249

И од Битола се може(и) започнуваат со втора сезона бизнис предавања

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2019

Добивај вести на Viber

ПРЕДА Плус Фондацијата започнува со втора сезона на проектот И од Битола се може(и) со инспиративно едукативно предавање кое ќе се одржи на 3-ти септември, вторник, со почеток од 19 часот во клубот, Порта Џез. 

На настанот ќе говорат Дијана Десподов, извршна директорка на AmCham, Игор Изотов, иновациски и менаџмент консултат, Васил Зидровски – иноватор, софтверски инженер и сопственик на стартап компанијата Nulius, како и Маријана Стефановски, Анастасија Трајковска, архитекти и основачки на Архинова & Анридизајн.


„Ве покануваме да бидете наша публика која ќе се напои со знаење кое е потребно да се охрабрите. Сигурни сме дека се соочувате со милион прашања во врска со започнување на вашиот бизнис. Со вашата идеја и потенцијален тим можеби сте на добар пат за креирање на следната успешна старт-ап приказна, но по тој пат ќе се сретнете со многу препреки!“ истакнува Маријана Милевска, извршна директорка на ПРЕДА Плус Фондацијата.


Што ти е навистина потребно за да започнеш старт-ап? Некој ќе каже, се денес може да се прочита на Google. Да, но ниту една книга или видео сторија не може вистински да те научи. Најлесниот и најефикасен начин е да најдеш вистински успешни претрпиемачи кои веќе го направиле тоа. Нивните трикови помагаат и можеш многу да црпиш од информациите кои ги споделуваат. Можеш и директно да прашаш или во неформалните средби потоа лично да поразговараш.


„Пролетта Битола ја размрдавме со пилот настанот кој го разбуди претприемничкиот дух кај младите битолчани. Докажавме дека "И од Битола се може(и)", ако се има добра идеја, ако имате среќа да ги сретнете вистинските ментори кои ќе ве инспирираат и ако се верува во успехот. Оваа есен ја стартуваме втората сезона, во која ќе организираме настани на кои ги покануваме со вас да споделат искуства претприемачи кои верувале во своите идеи и патот до успехот го поплочиле со лични заложби. Можеби тие немале ментори на патот до успехот, но затоа ќе бидат Ваши инспиратори“ додава Милевска.


На настанот се поканети сите кои имаат идеја и желба за започнување на свој бизнис или се дел од стартап тим кој се наоѓа во развојна фаза. Проактивните претприемачи кои секогаш размислуваат како да бидат подобри во она што го работат по официјалниот дел ќе остварат контакти преку вмрежување и дружење.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото