И ОВА Е МОЖНО: Половина од хотелите во земјата имаат само еден вработен
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2019
Во Црна Гора работат 310 хотели од кои 147 имаат само по еден вработен.
Тоа значи дека еден човек ги врши сите работи, тој е рецепционер, готвач, келнер, менаџер, правник, пишува весникот Дан.
Министерот за туризам, Павле Радуловиќ вели дека некои хотели работат под сомнителни околности и дека тоа ќе биде проверено.
Тој додаде дека некои хотели имаат сомнително мал број вработени во однос на бројот на гости или сомнително мал број на пријавени гости во однос на капацитетите.
Радуловиќ рече дека е откриена неправилност во однос на наплатата на таксата за престој, која двојно г надминала растот на ноќевањата во Црна Гора.