И ОВА СЕ СЛУЧИ: Кина увезува ориз
Објавено во: Свет 22 Јули, 2017
Кина која е најголем производител на ориз во светот поради малите залихи за прв пат увезе ориз од Америка.
Трговскиот договор е постигнат во четврток, објави CNN.
Министерот за земјоделство, Сони Пердју вели дека за ваков договор се говори десет години и тој сега е постигнат, што е во интерес на одгледувачите на ориз.
Кина произведува 20 пати повеќе ориз од Америка, но воедно и троши многу повеќе.
Последните неколку години Кина увезувала ориз во вредност од над милијарда долари за да го нахрани населението.