Добивај вести на Viber
„Ова е Монти Пајтон ситуација: ви текнува кога протестирав за лентите на патиштата дека се избледени, дека нема хоризонтална сигнализација, дека е опасно. Ги сликав, постирав тука. Е тогаш некаде, летото пред ковид, охридски полицајци ме казнуваат за претекнување на таква НЕВИДЛИВА лента, која е видлива само на точката од 50те метри кајшто стојат они. Би што би, упорно ме канат во суд во Охрид или кога сум скоро цела година во Париз или кога сум всушност во Охрид (вклучително и кога не можеше да се патува). Ми пресудиле in absentia. И тоа дупло, и по стар и по нов закон. Казната по стар никој не ја прокнижил. Нема што - држава е ова, систем. Ме интересира какви се сега лентите, и дали уште казнуваат и за невидливите“, напиша професорката Катерина Колозова на фејсбук.