19 Мај, 2024
0.0286

И Роберт Де Ниро размислувал за руски пасош

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Актерот Роберт Де Ниро, изјавил дека би сакал да добие руско државјанство, но додал дека: „тоа е сложена ситуација, која не може да се предвиди“.

Актерот ја советува руската младина да не се занимаваат со глупости да се обединат за да го направат светот подобро место, соопшти „e-gorlovka.com.ua“.

На црвениот тепих пред „Крокус Сити Мол“ Де Ниро се појавил во фармерки, маица и јакна и задоцнил за околу 1,5 час на отворањето на нов ресторан во Москва.

Де Ниро е косопственик на синџирот ресторани „Нобуо“. Тој веќе има отворено една установа во Москва во 2009 година.

Да се ​​зборува сериозно за руско државјанство на актерот се уште е рано. Тој изјавил дека би сакал да се занимава со уште многу нешта освен со ресторантскиот бизнис, само не знае дали ќе има време за тоа.

Во 1987 година тој претседаваше со жирито на Московскиот меѓународен филмски фестивал. На 27 октомври минатата година руски пасош доби американскиот боксер Рој Џонс. Не е неверојатно дека новинарите ја прашаа ѕвездата од „Кум“ дали не сака да го следи примерот на Жерар Депордио.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“