Идризово под лупа на Заев: Какви се условите во затворот?
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2017
Нехумани и нечовечки услови, спиење на под, немање лекар. Се само дел фактите кои со години наназад го карактеризираат затворот Идризово каде што имаше и неколку смртни случаи.
Какви се моментално условите и состојбата во Казнено поправниот дом Идризово, премиерот Заев денеска ќе каже.
Тој на покана на Народниот правобранител во затворот во Идризово ќе направи увид а преку изјава за медиумите јавноста ќе биде запознаена со деталите.