26 Април, 2024
0.0259

ИЏЕ АТАКУВА НА ПОДИУМОТ НА ХУНГАРОРИНГ

По моќта на патеката во Монца, во недела на 14 мај, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе со големи очекувања. Посакува да се искачи на подиумот на Хунгароринг.

Објавено во: Стил 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По одличниот старт на 30ти април на патеката во Монца, каде на двете трки го освои четвртото и петтото место, екипата на Иџе пристигна во Унгарија со една цел, да ја освои патеката Хунгароринг крај Будимпешта. Стефановски ќе се обиде да им пркоси на Фулин, Шрејбер и Рикли.

„Во тимот владее добра атмосфера. Не успеавме да тренираме, но ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што може“- изјави оптимистички Стефановски. „Се подготвуваме за тренингот утре, на кој очекуваме да покажеме конечно кои сме и што сме. Очекуваме подобри резултати. Верувам дека ќе имам можност со добро возење да се искачам на подиумот “ додава шампионот амбициозно.

Преносот и на втората трка на ФИА ЕТЦЦ 2017,  ќе може да се следи директно на националниот сервис, во недела во 9 часот. Според правилата, автомобилите на Хонда, кои беа полесни за 60 килограми споредбено со Сеат автомобилите во Монца, на Хунгароринг ќе бидат потешки. Ова би значело дека ќе биде намалена нивната предност во однос на Стефановски. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти