26 Април, 2024
0.0265

ИЏЕ ГО НАПАЃА ПОДИУМОТ НА ПАТЕКАТА ЗОЛДЕР ВО БЕЛГИЈА

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Викендов се вози претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ шампионатот. Со шампионски амбиции и добро расположение, македонскиот автомобилски ас Стефановски посакува да ги израдува своите фанови на патеката Золдер во Белгија. 

Викендов во Белгија,  по  пауза од неколку месеци, на патеката „Золдер“  од 15 до 17 септември, ќе се вози претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ за оваа година.

Игор Стефановски Иџе  и неговиот Сеат се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 15 поени, а само два од второпласираниот Шрајбер.

Патеката „Золдер“ на која Иџе ќе ја вози 5та трка оваа година, има 4 километри сив асфалт, 10 кривини и 50 годишна традиција. Золдер  е непозната патека за нашиот автомобили ас, но тој истакнува дека целиот тим е комплетно фокусиран кон победа во Белгија.

„АКК Стефановски е подготвена и за овој предизвик. И покрај тоа што ова е патека која не сум ја возел досега, очекувањата се големи. Во екипата владее прекрасна атмосфера, а ние целиме кон победа“- истакнува Стефановски. Добар настан во Белгија може да ни обезбеди прво место, па затоа сите сме оптимисти, додава тој.

Во петок 15.09 ќе има тренинг возење, во сабота квалификации, а трките во недела ќе се возат во 13:05 и 14:10. Двете трки, фановите на Иџе ќе може да ги следат на спортскиот канал Еуроспорт 2 во18:00 и 18:30 или на собранискиот канал на националниот сервис во недела 17 септември.

До крајот на шампионатот, покрај претстојната трка во Белгија, останува само последната трка во Мост во Чешка, која ќе се вози од 6 до 8 октомври.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“