04 Мај, 2024
0.0374

Игри, попусти и подароци за новата учебна година во Скопје Сити Мол

Објавено во: Мои пари 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Еве дојде и крајот на летниот распуст, а тоа значи дека е време  за добро да се подготвите Вие и Вашите деца за нов и свеж старт на новата учебна година. Почнувајќи од 23ти август па сѐ до 15.09 во Скопје Сити Мол Ве чекаат специјални изненадувања кои најголемиот трговски центар ги подготви за Вас и Вашите најмили.

Овој периодот, во Скопје Сити Мол ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.


После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење… Скопје Сити Мол е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година.

„Летниот распуст скоро е при крај и почетокот на училишната година претставува голем предзвик за децата. Скопје Сити Мол овој пат има за цел да се погрижи почетокот да биде лесен и забавен преку разни активности во периодот од 23.08 па сѐ до 15.09 и да ги разубави последните денови од распустот со многу забава, игри, пеење и шопинг на попуст и акции. Затоа повелете во Скопје Сити Мол и уживајте во супер шопинг и забава” – изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Од 23.08 до 15.09 на приземје во Скопје Сити Мол ќе биде поставен џиновски спинер, кој ќе може да се заврти со приложена сметка од над 1.500 денари од локалите кои учествуваат во кампањата. Секое вртење е добитно, односно имате шанса да добиете еден од вредните подароци: JBL звучници, училишни ранци, спинери, саати, училишни несесери и други награди.

Локалите кои учествуваат во кампањата: Sport Vision BUZZ Sport Vision Kids Original Marines KRS Sport M Staedtler Божиновски Prosvetno, Evropa, Prosvetno Delo, Wenice Carters Extreme Intimo anhoch LTB MY:TIME panevropa Beosport JYSK.mk Kares New Yorker Jack& Jones Terranova K&k Office plus Bershka Massimo Dutti Pull & Bear и Okaidi.

Традиционално на 2ти септември првачињата ќе ја положат “заклетва” – детска песничка, а на настанот децата ќе ги забавува и ќе им помага нашата Марија и нашиот Мартин.

Сите информации за оваа кампања и правилата за учество во играта дознајте ги на официјалната веб страна на Skopje City Mall - http://skopjecitymall.mk/b2s


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото