04 Мај, 2024
0.0294

„ИЛИ ПРИВАТНА БОЛНИЦА ИЛИ МЕСЕЦИ ЧЕКАЊЕ ЗА ВЕШТАЧКИ КОЛК“: Протези има, но има и листа на чекање, д-р Трајановски за Фактор

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Нема крај на чекањето за операција на колк, односно за оперативен зафат со кој треба да се направи промена на стариот колк со нова ревизиона ендопротеза, велат разочарано пациенти кои стапија во контакт со Фактор. Револтирани се како што велат заради тоа што „не остана ништо од јавното здравство“, и дека во оваа држава можат да се лекуваат само богатите во приватните болници.

-Од лани одам да закажам операција на колкот, но никако да закажам. На ТОАРИЛУЦ ми велат нема, тендерот не е завршен, не си итен пациент, немаш болки почекај...Навистина, немам некои посебни болки, но овој вештачки колк веќе мора да се смени кај мене, поминати се повеќе од 30 години, бев дете кога ми е направена првата операција. Старвувам дека може нешто да ми се искомплицира. Но, лекарите ми велат нема протези, дека треба да почекам да стигнат или ако толку ми се брза, операцијата да ја направам во некоја од приватните болници. Е, навистина овој момент ме здоболе. Колку пари ми се двојат од платата за здравствено осигурување секој месец и кога само еднаш во животот ќе затреба еден посериозен зафат, треба да одам во приватна болница и да платам неколку илјади евра. Прво немам толку пари, а да бидам искрен, и да ги имам зошто да ги дадам. Немам зборови да го опишам моето разочарување. Ова е таква пропаст, каква што ја нема никаде. И верувам дека има уште стотици како мене на кои им се вели дека треба да чекаат. До кога, додека не ми отпадне колкот од ногата, разочарано, но и револтирано прашува нашиот соговорник.

Сличен е и случајот со 68-годишна пациентка, пензионерка, на која исто така и рекле дека треба „да се стрпи“да стигнат ендопротезите.  или ако не може да чека да си побара „чаре“ на друго место.

-Јас навистина не знам колку пациенти има кои чекаат вакви операции, но скоро пола година ќе стане како не можам јас да дојдам на ред. По кој редослед се прави листа на чекање и тоа не знам. Дали ако почнам да кажувам дека болките ми се неиздржливи, ќе ме оперираат веднаш? За среќа немам некои посебни проблеми, но има периоди кога ногата навистина ме боли и едноставно не можам да функционирам како што треба, а на Клиника ми велат „не е итна состојбата кај тебе“, ќе почекаш...

Заради ваквите состојби, односно поплаки од пациенти, Фактор разговараше со д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ, кој тврди дека не се застанати со работа и дека не е вратен ниту еден пациент, посебно ако здравствената состојба му е итна.



-Вештачки колкови, односно ендопротези има на ТОАРИЛУЦ, но има и долга листа на пациенти. Станува звор за хронични операции, елективни операции кои не се итни и како доаѓаат на ред пациентите, така листата се намалува. Само во 2022 година направени се точно 625 вакви операции. Освен тоа имаме и тендерска постапка која е во тек, што значи дека ќе стигнат и нови протези. Во последниве три години, додека јас раководам со ТОАРИЛУЦ не се случило да нема протези или пак да е вратен макар и еден пациент, особено не се вратени пациенти кои имаат потреба од итни операции, вели за Фактор, д-р Трајановски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска