ИЛЈАДА ПОЖАРНИКАРИ СЕ НА ТЕРЕН: Повеќе од 50 пожари во Грција
Објавено во: Балкан 14 Август, 2019
Повеќе од 50 пожари беснеат во Грција.
Алармантно е на островот Евија и оваа огнена стихија мештаните ја нарекоа еколошка катастрофа. Голем дел од населението е евакуирано од страв дека огнот може да стигне и до куќите. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го прекинал летниот одмор и поради вонредната состојба се вратил во Атина. Грција бара помош од Европската Унија, а канадери веќе пристигнале од Италија.
Ангажирани се и канадери и хеликоптери за да се изгаси огнот.