ИМ ПОДЛЕГНАА НА ПОВРЕДИТЕ: Расте црниот биланс во Москва
Објавено во: Свет 25 Март, 2024
Бројот на жртвите во масакрот кој во петокот се случи во Москва се зголеми на 139.
„Резултатите од истрагата покажуваат дека терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во кој загинаа 139 лица, бил планиран“, изјави претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александар Бастрикин.
Според информациите претходно потврдени беа 137 жртви. Пукањето и пожарот се случија вечерта на 22 март пред танцовиот натпревар во „Крокус сити хол“ во Красногорск, во близина на Москва. Дописникот на РИА Новости кој бил присутен на инцидентот јави дека неколку маскирани и демаскирани мажи влегле во салата, пукале во луѓе од непосредна близина и фрлале запаливи бомби.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повика да бидат убиени вооружените лица и сите други вклучени во масакрот во петокот во близина на Москва.