06 Мај, 2024
0.0254

ИМ ПОПУШТИ НА БИЗНИСМЕНИТЕ, ГИ РАЗГНЕВИ РАБОТНИЦИТЕ - економските мерки на Владата никако „да се погодат“

Објавено во: Економија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Со олабавување на мерката за користење државна помош за фирмите, односно со олеснување на критериумите, Владата можеби им излезе во пресрет на коморите, но допрва ќе мора да им објаснува на синдикатите како тоа си дозволи да прифати компаниите што ќе земаат државни субвенции, да имаат право и да отпуштаат вработени.

Со олеснетите правила на игра, сега и фирмите што го намалиле бројот на работници ќе може да аплицираат за државна помош за платите, на износ од 14.500 денари. За оваа мерка најпрво услов беше фирмите да мора сите вработени да ги задржат до септември, но потоа власта овој рок го скрати до јули. Најновото олабавување е да им се дозволи на фирмите и да можат да го намалат бројот на вработени, што било на барање на коморите.

„Бизнисмените прашуваа што ако работникот сам напушти работа или ако се работи за работник на кој му истекува договорот, сезонски работници и сл. Со ова се олабавуваат условите. Со промената се дозволува намалување на бројот на вработени до 15 отсто кај микро и малите фирми, до 10 отсто кај средните и до 5 отсто кај големите компании. Со ова сепак ќе се спречат отпуштања, но ќе се зголеми опфатот на фирми“, ја објасни изменетата мерка министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Мораме да бидеме реални, рече во одбрана на мерката првата финансиерка, и да кажеме дека ќе има и такви кои ќе ја загубат работата, и такви на кои плтите и приходите ќе им бидат помали. Важно, според неа, било дека Владата се труди системот да ги адресира и да ги задоволи сите. 

БИЗНИСОТ ЗАДОВОЛЕН ОД ОЛЕСНУВАЊЕТО ЗА РАБОТНИЦИТЕ

Дел од бизнисмените со кои разговараше Фактор признаваат дека овие мерки се поповолни за работодавачите, но не се добри за работниците.

Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата, вели дека првата грешка била направена уште на почетокот, бидејќи, како што нагласува овој бизнисмен, Економско-социјалниот совет требало реално да функционира, а не да биде употребен како параван за социјален дијалог.

„Тогаш требаше заеднички, низ консензус, Владата, работодавачите и синдиктите да седнат и да разговараат, и само така ќе се слушнеа потребите и на едните и на другите. А сега, овие мерки се прифатливи за работодавачите, но се на штета на работниците“, вели Бошков за Фактор.

Според него, во оваа мерка не е употребен Законот за работни односи во својата суштина. Најдобро ќе беше доколку заеднички се донесеа нови мерки, кои ќе го ублажат или ќе го поедностават Законот за работни односи во вонредна состојба.

„Кога се носеа овие мерки, по прогласувањето на вонредната состојба, требаше да се викнат и синдикатите и работодавачите и тие да усогласат како ќе се применува Законот за работни односи во вонредна состојба. И тоа требаше да се договори на почетокот. Бидејќи, во Законот за работни односи е одредено кога настапува прогласување на технолошки вишок, а меѓу другото, тоа е и вонредна состојба“, објаснува Бошков.

Според него, прво не беа задоволни работодавачите заради строгоста на критериумите, па потоа нив очигледно Владата им попушти, па сега против неа ќе бидат синдикатите. А причината е што во оваа ситуација не се настапи транспарентно уште од самиот старт. Односно, никој не требаше да мисли ниту на политички поени ниту на загуби, туку да се најде решение од кое ќе бидат задоволни и синдикатите и работодавачите.

Бошков вели дека од аспект на бизнисот, новите олабавени мерки се добри, бидејќи и ќе можат да добијат државна помош, а и да не ги задржат оние работници за кои реално нема доволно активности во компанијата.

„Но, државата дури сега ќе треба да се справува со две категории работници, прво, оние што се вратени од странство, бидејќи таму ја изгубија работата, и второ, оние што ќе бидат отпуштени од компаниите поради корона кризата“, вели Бошков.

Од друга страна, дел од работодавачите сметаат дека тоа што Владата ги послуша нивните барања, е исправен чекор. Според Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, Владата е свесна дека компаниите од најпогодените сектори во овој период навистина не можат да ги задржат сите вработени.

Владата е свесна дека фирмите не можат да ги задржат сите вработени, особено дејностите кои целосно затворија и во овој период немаат никакви приходи. Со оваа нова уредба се овозможува да се одржи ликвидноста на фирмите макар и со помал број вработени и голем дел од компаниите да се спасат од стечај и ликвидација“, објаснува Димитров.

СИНДИКАТИТЕ ЛУТИ - МИНИСТЕРКЕ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ИМ ПОПУШТИВТЕ НА ГАЗДИТЕ

Но затоа, синдикатите беа видно вознемирени по пресконференцијата на Ангеловска, и се заблагодарија со саркастичен тон, и итно побараа средба со неа.

„Сојузот на синдикатите на Македонија и се „заблагодарува“ на министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска, што во целост ги поддржува и применува мерките од „газдите“ и допринесува да се зголеми бројот на невработени“, напишаа во своето соопштение од ССМ.

Во овие моменти кои се исклучкително тешки за македонските работници, велат синдикалците, ни Владата, ниту Министерството за финансии не смеат да носат Уредби по нарачка и притисок од работодавачите и коморите, а се на штета и на грбот на работниците. Овозможувањето на работодавачите со Државни пари да си поигруваат со  судбините на работниците и нивните семејства, мора веднаш да запре“, децидни се од ССМ.Од тие причини, велат, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, бара итна средба со министерката Ангелова, за надминување на оваа, за работниците, како што ја нарекуваат, погубна Уредба.

Потоа на оваа реакција се придружија и сите други синдикати и бројни граѓански здруженија. „Доколку ова се реализира, тоа ќе значи десетици илјади нови невработени во пресрет на очекуваната економска криза и десетици илјади семејства во сиромаштија. Срамно е Влада која се нарекува социјалдемократска и која треба да се грижи пред сè за сиромашните и работниците да најавува вакви мерки, особено на два дена пред Први мај, Меѓународниот ден на трудот, што го сметаме за непочитување на овој празник и за навреда на работничките и работниците“, се вели во заедничката реакција.

Само во март, уште пред да удри кризата, работните места ги изгубија околу 2.000 работници, а се очекува во април таа бројка да биде многу повисока.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот